ЈП Лајка има потреба од ќебиња, дебели престилки, чаршафи, јамболии, черги или други топли подлоги за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман и транзитираат постојано во прифатилиштето.
Затоа упатија апел сите хумани граѓани, вљубеници во животните да донираат.
- Секој од нас во својот дом има застарени ќебиња, па наместо да завршат во отпад, направете хумано дело и донирајте ги за кучињата згрижени во ЈП Лајка. Истите може да ги донесете директно во самото прифатилиште, на адреса ул.840 бр.2 во населба Маџари, секој ден од 09:00 до 19:00 часот, порачаа од Лајка.
Досега беа собрани неколку донации со ќебиња и прекривки од хумани граѓани на кои сме им навистина благодарни, но тие се потрошлив и оштетлив материјал и ни се потребни во континуитет, додаваат од јавното претпријатие.