Квир Библиотека во Јавна Соба

Јавна соба ве кани на првата Квир библиотека која ќе се одржи на 19-ти јуни од 17:00 до 20:00 часот. Библиотеката како таква ќе даде можност на шест лица да заземат позиција на „книги“ подготвени за читање од страна на публиката.

Ќе имате можност да слушнете кратко претставување од страна на нашите книги по што, вие, како нивни читатели ќе имате можност да им поставувате прашања околу идентитетот, успешни приказни, проблеми и пречки во животот и експресивноста во нашето општество и слично.
Настанот има за цел да покрене чувства на емпатичност, разбирање и охрабрување за лицата кои сè уште не се еднакви во нашето општество.
Ова се нашите приказни од квир заедницата и ова е ваш момент да дознаете повеќе за нас.

Го очекуваме вашето присуство!

Агенда:
17:10-17:20 // Воведни зборови: Стефан Петровски (Соработник за комуникации и организатор) и Ангелина Иванова (Извршна директорка на Субверзивен фронт)
17:20-19:00 // Жива библиотека
19:00-20:00 // Жива библиотека и коктел