KVIKI ги стави скопјани во фудбалско расположение

Kviki гриц е легендарен, има и изглед и талент...но, и 45 годишно искуство. По подолга пауза во медиумите, повторно е во центарот на вниманието за време на фудбалската еуфорија во Европа.

Примарната цел на фудбалот е да се постигне гол помеѓу две стативи, но, дали знаете дека Скопје има многу таленти кои прават многу повеќе од тоа?

Заедно со познатиот водител Димитар Атанасовски и со младиот фудбалер Андреј Стојанов излеговме на улиците на Скопје и ги предизвикавме случајните минувачи да учествуваат на првиот Kviki фристајл фудбалски предизвик.

Видовме многу креативно жонглирање, добра контрола на фудбалската топка, балансирање со магична привлечност во стилот на Нејмар и Роналдињо....па, и некои неуспешни обиди. Но, како и да е, ја постигнавме нашата цел – ги ставивме скопјани во фудбалко расположение и ги наградивме со Kviki навивачки пакети за подобро да ја бодрат македонската репрезентација пред вториот меч.

 И да, навистина е лесно е да се седи во удобноста на вашиот кауч и да се коментира умешноста на спортистите со фудбалската топка. Во видеото подолу, видете ги скопјани, кои излегоа од својата комфорт зона, како ни одговорија на нашиот Kviki фристајл фудбалски предизвик.