„Квалитетен живот без алкохол“- отворено советувалиште во Скопје

Во објектот на киното „Маџари“, викендов започна со работа советувалиштето за лица кои се соочуваат со проблеми предизвикани од злоупотреба на алкохолот. Советувалиштето е отворено на иницијатива на Зружението на клубови на лекувани алкохоличари на Р.Македонија.

Мотото под кое се води советувалиштето е „Квалитетен живот без алкохол“ и има за цел да им помогне на лица кои се соочуваат со проблеми на зависност од алкохол и спречување на ризиците по нивното здравје. Во рамки на советувалиштето ќе се врши и поддршка и третман на лица кои се жртви на семејно насилство кое доста често се поврзува со злоупотребата на алкохол. Третманот ќе опфаќа советување, индивидуално прифаќање, грижа, помош преку групна терапија и план за понатамошна ресоцијализација. На проектот работа стручни лица кои им стојат на располагање на заинтересираните.

Советувачиштето ќе функционира секој вторник во периодот од 17:30 до 19:30 часот.