Куршуми и пиштол пронајдени кај скопјанец на булевар „Босна и Херцеговина“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ц.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

На 17.09.2022 на бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед во возило во кое се превезувал пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „Глок 9x19“ со две рамки и 30 куршуми со калибар 9 мм, соопштија од полицијата.