Културен информатор: Што има во Скопје неделава?

Понеделник 6.2.2017

20.00/Драмски театар

Рок Кафана Рустикана 2.0

21.00/Неделна програма 

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova за среќен почеток на неделата Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. InThe Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 8 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок
– Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Jovan Kucinovski во соработка со Тиквеш.
– Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота
– Македонски евергрини со Lili Chilli од 15:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
– “Страна Б“ акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

Вторник 7.2.2017

Public Room

20.00/ Product design exhibition

„ВКУСОТ НА ТЕКСТИЛОТ”
Продажна изложба на македоснки пионерски брендови.

Една група на многу млади и смели ентузијасти предводени од искусни дизајнери и менаџери формираат 10 нови македонски бренда ги претставуваат пред пошироката јавност. Станува збор за за иновативни производи каде носечки материјал е текстилот, и кои имаат две или повеќе функции. Сите производи се со огромен пазарeн потенцијал, што ветува некаква иднина во поглед на опстанок на младите брендови и нивен понатамошен развој.
Изложбата е резултат на пет- дневна работилница за време на Неделата на дизајн во Скопје 2016 и шеесет дена продукција и промоција на истото.

Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, Дизајн центарот Јавна соба и Институтот за дизајн и инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки Факултет – Скопје .

Среда 8.2.2017

Public Room

20.00/ Taste of Italy

Во рамките на проектот Вкусот на Скопје за зголемување на локалните кулинарски навики, Public Room ви претставува едно мошне уникатно гастрономско искуство!
Марк де Јонг заедно со тимот на Public Room ќе приготвуваат рецепти од два италијански региони – Венето и Тоскана.
Вечер на храна и вкусoви кои создаваат магија во вашата уста.
Незаборавна вечер за сите љубители на месо.

Цена: 880 денари.

Четврток 9.2.2017

 МНТ

19.00/Соларис

Режисер: Андриј Жолдак

Сценографи: Моника Пормале и Андриј Жолдак
Костимограф, асистент-сценограф и видео-концепт: Даниел Жолдак

Улоги:
Крис Келвин – Дејан Лилиќ
Реја – Дарја Ризова
Крис (дете) – Дарио Ефтимовски
Реја (дете) – Калина Трипкова
Снаут – Александар Ѓорѓиески
Сарториус – Александар Михајловски
Таткото – Славиша Кајевски
Мајката – Арна Шијак
Слугинката – Драгана Левенска

*Слободен влез за студенти

 С26

 23.00/ Тамара Тодевска со бенд

Премиерно издание на Тамара за 2017та. Четврток е денот, С26 е местото.

Продолжува на наредната страна...........

 

Петок 10.2.2017

Public Room

16.00/Lucky Friday 

Вино, мезе, дружење, муабети, боса нова звуци ~
Вашата омилена сорта вино од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте си место за вашето друштво на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-wxbUv.

Gnezdo Kitchen Bar

17.00 афтерворк забава

Забавата продолжува и овој петок. Заедно да го започнеме викендот со Beni & Non Stop (Official), ДиЏеј Брик и Вашето омилено гнездо, Гнездо Кујна Бар. Телефони за резервации 078/306-010 и 02/3212-830, или преку порака на нашата фб страна. Повелете, Ве очекуваме.

МКЦ

21.00/Соголи мe, концертна промоција на новиот албум и 20 год. јубилеј

По нешто повеќе од седум годишна албумска пауза, String Forces имаат нов албум, „Соголи ме“.
Ова ќе биде двоипол-часовен настан на којшто, покрај целиот нов албум, ќе има и прошетки по сите претходни четири албуми, како никогаш досега.

Карти (200/300 денари): МКЦ, MkTickets.

Public Room

22.00/Showroom: Kabadayas

Овој петок уживаме во авторските композиции од најновиот албум на триото Kabadayas: Зоран Костадиновски- гитара, Џоле Максимовски- бас гитара, Дино Милосављевич- тапани.

Не ја пропуштајте оваа вечер на милување од гитара ~https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-kabadayas-YAgMk
02 6092650
contact@publicroom.org

С26

23.00/Orlando Voorn

Петочко лудило со Oralndo Voorn = NightVision/ Devine Records = local suport – Tomi Bojadzi.

Сабота 11.2.2017

СЦ Борис Трајковски

23.00/ U-Recken

Традиционално првата SUN Production журка во годината е во втората сабота од февруари…
Оваа година имаме специјален настан, промо журка за Tree Of Life Festival и гостувањето на еден од најплоднитеартисти во моментов

U-Recken – Dacru Records / Israel
www.facebook.com/urecken
www.soundcloud.com/u-recken
www.electreelife.com

Специјален гостин, најголемиот македонски амбасадор во моментов:

DJ Djantrix – Digital Om Productions
www.facebook.com/DjDjantrix
www.soundcloud.com/djantrix

Домашна поддршка SUN Production djs:

DARE
SOUNDKILLAH
HUMANOID

Влез: 350 денари, на врата 400 денари

Недела 12.2.2017

Public Room

11.00/Social Sunday

Поминете убаво и безгрижно социјално попладне со вашето семејство користејќи ја можноста за бесплатна анимација за најмладите краетивци со дрвените играчки од програмата на Melissa & Doug. Децата на возраст од 2 до 4 години ќе бидат воодушевени да научат како се подготвува појадок, како се отвораат и затвораат патенти, копчиња, рајбери…
Децата од 5 до 7 годиишна возраст ќе можат да ја развиваат сопствената слика со колекции на стикери и печати.

А родителите може да уживаат на каучите од прогрмата на „Просторија” и „Фејдом”.

Сите учесници се дел од наградна игра на која ќе можат да освојат дрвена играчка од програмата на Melissa & Doug!

Скопје Мериот Хотел

19.00/The Bridal Fashion Night

Скопје Мериот хотел ќе биде вистинското место за вистинските невести на 12 февруари каде што по петти пат ќе се одржи „The Bridal Fashion Night“ со почеток во 19:30 часот. Настанот кој веќе традиционално го организира тимот на Моден викенд Скопје ќе биде целовечерен моден водич и можност двојките во хотелот да го најдат своето совршено место за свадбениот ден.

Идните невести кои сакаат да присуствуваат на настанот треба да испратат име и презиме, како и детали кога сакаат да организираат свадба на weddings.skopje@marriott.com или на Фејсбук страницата @skopjemarriott најдоцна до 10 февруари. Бројот на места е ограничен, а идните невести можат да присуствуваат со уште едно лице.

cheap nike air max 90