Кулинарски предизвик: Телешко месо во грне

Ако сте љубител на традиционална готвена храна, особено на гулаш, оваа варијанта на манџа со месо е само за вас. 

Доколку имате традиционално грне за готвење, можете да го подготвите во него. Можете да користите и земјена тава или подготвената смеса да ја поделите во мали садови-грниња. 

Состојки:

1 кг јунешко месо
Два кромида
Масло
Сув зачин, сол, бибер
250 гр домати од конзерва
Една пиперка
300 мл бело вино

Подготовка:

Месото исецкајте го на коцки. Кромидот пропржете го, потоа додајте го месото и кога ќе омекне, ставете ги доматите и пиперката. Гответе додека месото добро да се развари. 

Прелијте со вино и префрлете во тава и потпечете. Послужете со тестенини или со пире.