Куќички за маалските миленици за топло и сигурно живеалиште

ЈП „Лајка“ почна хумана иницијатива да се поттикнат добрите луѓе што ги сакаат кучињата да направат куќички и да им обезбедат топло и сигурно живеалиште.

- Идејата на овој проект е да се поттикнат добрите луѓе кои ги сакаат кучињата и се грижат за своите маалски миленици, да направат куќички и да им обезбедат топло и сигурно живеалиште, кое ќе им помогне да се засолнат и заштитат од ниските температури во овој зимски период. Сè што е потребно е само добра волја, материјали и алатки кои сите ги имаме во нашите домаќинства, велат од „Лајка“.