На 13.06.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.Л.(52) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На истиот ден во 12.30 часот во Полициската станица Центар, М.К.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје бил каснат од куче скитник, а подоцна во 19.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.М.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.