Кучето во хотел, ти шибај на море!

Сопствениците на домашни миленици често имаат проблем за тоа каде да ги остават додека тие се на одмор, службено патување или се отсутни од дома подолго време. Голем дел од сопствениците порано своите миленици ги носеа на одмор со нив од причина што немаа каде да ги остават, а оние кои имаа каде ги оставаа на чување кај соседите, пријатели или роднини.

Сега во Македонија постојат хотели, пансиони, одгледувачници за миленици, а и приватни лица кои нудат такви услуги за одредена сума пари. Тие нудат услуги за чување, хранење и комплетна грижа за животните додека нивните сопственици се отсутни. Сопствениците на сместувалишта за домашни миленици велат дека цените за домашните миленици зависат и од нивната големина и од видот на услугите што се бараат за нив. Цените исто така зависат од времетраењето на чување, од начинот на исхрана, дали треба посебна грижа за влакното за оние миленичиња кои имаат долго влакно и дали прима некоја посебна терапија.

Цените зависат од многу фактори и истите се договараат индивидуално со сопствениците. Големо влијание има и времетраењето, дали услугата ќе ја користат еден ден или неколку месеци. Исто така врз цената многу влијае и начинот на исхрана. Така, на пример, ако мачката е персиска и стерилизирана мора да се храни со специјална ветеринарна храна за стерилизирани мачки. Доколку се работи за мало маче тогаш тоа треба да јаде енергетски високозбогатена храна која е добра за неговиот раст.

Милениците се под 24-часовен ветеринарен надзор и се следи секоја промена на нивната здравствена состојба, бидејќи и тие се живи суштества и им треба ветеринарна грижа. Ова услуга не можат да ја дадат оние кои приватно чуваат миленици.

Поради ограниченоста на просторот некои хотели чуваат само одредени помали раси на кучиња. Така на пример во сопствениците сами си носат храна за своите миленици од причини што некои јадат само готвена храна, а некои конзерви. Условите се посебни за различни раси и големини на кучиња. Некои се постари па поримаат посебна терапија, а некои се помлади па треба почесто да се шетаат.