Кучешки измет насекаде - казни никаде, реагираат скопјани

Законите се само на хартија и никој не ги почитува, коментираат скопјани додека се жалат дека парковите, пешачките патеки, тротоарите, детските игралишта па дури и влезовите пред зградите се полни со измет од миленици, за што постојат санкции, но како што велат никој не го сфаќа сериозно овој закон и не го почитува.

-Секогаш сум сакала животни и сум чувала уште пред 35 години. Не сум дозволила мое куче на улица или било каде освен во сопствениот двор да загади и не ми требало ни закон, ни бутур. До самиот човек е или имаш култура или јок. Сега сум мажена во зграда и пред зграда тротоарот и тревникот се минско поле, да му се згади на човек. Ваква некултура како сега немам видено, ниту се собира ниту пак се врти глава да се види што оставаат зад себе, вели скопјанка од Кисела Вода.

За време на секоја прошетка сопствениците на кучиња се должни да чистат по своите миленици и секогаш кога ги носат на отворено, со себе да носат специјални ќесички за кучешки измет или обични најлонски ќесички, а потоа изметот да го фрлат во соодветно поставените канти, неодамна потестја од ЈП Лајка.

Потестуваат дека, според член 19 од Законот за јавна чистота, освен на местата определени за фрлање смет, се забранува оставање измет од домашни миленичи на отворените простори на јавните објекти, со што сопствениците на кучињата се должни во кесичка да ги собираат фекалиите на милениците, во спротивно е предвидена казна за сопственикот од 50 евра.

И покрај ваквата казна, проблемот со кучешкиот измет сè уште постои, па со цел подигнување на свеста кај неодговорните граѓани, ЈП Лајка повторно отпочнува своја кампања на оваа тема.