Крводарителска акција во чест на Тоше Проески

Црвениот крст на град Скопје инфомира дека оваа сабота ќе се огранизира кровадарителска акција во чест на Тоше Проески. Од ЦК посочуваат дека помладата популација преку ваквите настани во ликот на Тоше препознава пример на хуманост.

„Во рамките на традиционалните крводарителски акции на ЦК на град Скопје е и акцијата која се организира во спомен на хуманоста на нашата ѕвезда Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме. Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост.

Оваа година, крводарителската акција да се реализира на 25.01.2025 година (сабота) во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот. До сега, на овие акции собрани се преку 5 500 единици крв, што зборува за позитивниот пример на Тоше, запаметен како голем хуманист и крводарител“, се вели во соопштението на Црвениот крст.