Нема одредби за платите на вравотените кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 % од бруто домашниот производ на Буџетот на Република Северна Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3% од БДП, односно извршено е намалување на одобрениот Буџет за Судска власт за износ од 89.906 илјади денари се вели во извештајот на ДЗР.
Од таму укажуваат и на тоа дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и на неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.
„Во делот на внатрешните контроли укажуваме дека не е донесена процедура за движење на документацијата и не е воспоставен систем за следење и контрола на сметководствената документација со јасно дефинирани и разграничени надлежности и одговорности“, стои меѓу другото во ревизорскиот извештај.
Државниот завод за ревизија во објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки) се осврнува и на, како што стои, системски слабости, меѓу кои отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на правото на користење на старата зграда на судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција поради неизвршено примопредавање на истите.
Понатаму се вели дека пописот не e спроведен согласно законската регулатива, ненавремено евидентирање на обврски, невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите. Во ревизорскиот извештај стои дека Комисијата за преглед на севкупното работење не извршила целосен преглед на средствата за депозитите за 2023 година, и не е спроведен надзор на севкупното финансиско и материјално работење.
„Евиденција на судски депозити кои не се гаранции туку уплати по друг основ за кои судот нема податоци за основ на истите, како и отсуство на податоци за статусот на предметите на судските депозити, завршени /незавршени“, се наведува во ревизорскиот извештај од ДЗР.