Кривична за скопјанец, извадил нож на наплатна рампа и се заканувал на вработените

Полицијата поднесе кривична пријава против В.В. од Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

„На 30.07.2024 на наплатна рампа Тетово - Гостивар, пријавениот агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на вработените“, информираат од МВР.