Кривично ќе се гони прилепчанец за статус на социјалните мрежи кој промовирал омраза.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против лицето М.И.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 29.09.2024 на социјална мрежа пријавениот објавил статус со кој промовирал омраза, информираа од полицијата.