Кривична за полицаец, во ноќен клуб агресивно се однесувал кон едно лице и кон обезбедувањето

Одделот за внатрешна контрола на МВР до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р вработен во СВР Битола поради сомнение дека направил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив. Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување“, велат од МВР.

Од таму посочуваат дека веќе е поднесен предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе се изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место.