Кривична за пензионерка од Свети Николе, предизвикала пожар

 

Кривично ќе се гони 67-годишна жена од Свети Николе која предизвикала пожар во село во околината. 

Како што информираа од полицијата, надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Р.П.(67) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

- На 24.03.2026 во атар на с.Црнилиште, на место викано „Дудин дол“, пријавената запалила остатоци и суви гранки, при што настанал пожар, во кој биле зафатени земјоделски површини во сопственост на повеќе лица од Свети Николе, известија од МВР.