Кривична за млад скопјанец, ограбил бутик во трговски центар заканувајќи се со нож на продавачот

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „разбојничка кражба“.

На 21.09.2024 од продавница во трговски центар во Скопје, пријавениот откако одзел повеќе парчиња гардероба, му се заканил со нож на вработениот и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна  корист од 38.376 денари, информираа од полицијата.