СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ј.(36) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што стоои во денешниот полициски билтен, на 01.02.2025 во атарот на село Праленик, општина Центар Жупа, пријавениот со патничко возило „опел“, кое го управувал, се обидел да удри полициски службеници кои преземале службени дејствија.