Кривична за малолетничка, тепала вработена во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Тетово

Полицијата од Тетово поднесе кривична пријава против малолетничка од Тетово поради сомнение дека извршила физички напад.

„На 17.12.2024, пријавената физички нападнала вработена во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово“, информираат од МВР.