
48-годишен маж од Кочани кривично ќе одговара за закани кон вработена со „социјалното“.
- ОВР Кочани поднесе кривична пријава против З.И.(48) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.03.2026, пријавениот преку телефон упатувал закани на вработена во Меѓуопштински центар за социјални работи Кочани, известија од полицијата во дневниот билтен.