Кривична за кочанчанец за повикување на насилство на „Фејсбук“

Кривично ќе одговара маж од Кочани за повикување на насилство на „Фејсбук“. 

 - На 05.12.2025 СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Б. Ј. (1989) од Кочани, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по чл.394-г од Казнениот законик. Имено, пријавениот на 18.11.2025 во 22.48 часот на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил фотографија и текст со кој промовирал и поттикнувал насилство кон Д.Ј. од Кочани, известија од полицијата.