Кривична за двајца млади мажи од Кочани, фатени при купо-продажба на дрога

Млад кочанец фатен како продава дрога на свој сограѓанин. Кривично ќе се гонат и двајцата. 

- ОВР Кочани поднесе кривична пријава Х.Н.(24) и С.А.(23), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.04.2025, полициски службеници го затекнале првопријавениот како пред својот дом продал марихуана на второпријавениот, по што биле извршени прегледи кај нив и претреси во нивните домови и била  пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата.