Кривична за четворица тетовчани, нападнале 2 лица пред угостителски објект и го кршеле инвентарот

Полицијата од Тетово поднесе кривична пријава против четири лица, 33-годишниот М.Џ, М.Б.(38), Ѓ.К.(39) и Х.Џ.(34), сите од Тетово, поради сомнение дека сториле насилство.

„На 28.10.2024 пред угостителски објект во Тетово, пријавените физички ги нападнале З.Ф. и М.Ф., при што го уништиле инвентарот кој бил поставен пред објектот“, пишува во полицискиот билтен.