Кривична за 80-годишник од кочанско Зрновци, физички повредел малолетник

 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.А.(80) од Зрнoвци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

- На 26.08.2024, пријавениот физички нападнал малолетник и му нанел повреди, соопштија од полицијата.