Кривична за 68-годишен пироман, на повеќе места запалил сува трева при што предизвикал пожар

Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против 68-годишниот Г.Г. од с.Жиганци, општина Чешиново - Облешево, поради постоење основи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“

„На 03.02.2025 во с.Чешиново, пријавениот на повеќе места запалил сува трева во близина на одводниот канал, при што предизвикал пожар“, информираат од МВР.