Кривична за 40-годишен битолчанец, со пиштол им се заканувал на полицајци

Полицијата во Битола поднесе кривична пријава против 40-годишниот Ф.И. од Прилеп поради напад на полицајци.

„На 29.11.2024 во угостителски објект во Битола, пријавениот со огнено оружје се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а подоцна и физички нападнал еден од нив. Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Битола на пријавениот му е одредена мерка притвор“, се вели во билтенот на МВР.