СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
- На 29.07.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана, информираа од полицијата.