Кривична за 20-годишна велешанка, плаќала со украдена картичка

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.С.(20) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

- На 25.11.2024 во Велес, пријавената одзела платежна картичка на едно женско лице, по што извршила две трансакции во износ од 6.032 денари, соопштија од полицијата.