Кривична за 20-годишен скопјанец, полицијата дома му пронашла „калашников“ и куршуми

Поднесена е кривична пријава против 20-годишниот Е.В од Скопје поради поседување на оружје.

„На 23.01.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во просториите кои што ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка „АК-47“ со калибар 7.62х39мм, две рамки за пушката и 30 куршуми за пушката калибар 7.62х39мм“, се вели во билтенот на МВР.