Кривична против охриѓанка, нападнала полицајка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишната М.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.

Според информациите од полицијата, на 12 август 2026 година околу 01:00 часот, пред објектот на СВР Охрид, пријавената физички нападнала полициска службеничка која извршувала службени активности од областа на безбедноста.

При нападот, таа на полициската службеничка ѝ упатила и закани, по што веднаш била лишена од слобода.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид поднесе кривична пријава.