Кривична против две лица - дрвокрадци, едниот сечел со моторна пила, другиот ги товарел во возило

Полицијата во Ресен поднесе кривична пријава против две лица од Ресен , 21-годишниот А.М. и против 34-годишниот Е.Н како негов соизвршител.

„На 16.11. 2024, првопријавениот бил затекнат како сече дрва со моторна пила, додека второпријавениот бил ангажиран од првопријавениот за одреден паричен надомест дрвата да ги товари во возилото“, пишува во билтенот на МВР.