Кривична против 59-годишен Бугар, измамил жена за 30 илјади евра и кажал дека нејзината ќерка усмртила дете-мигрант

Поднесена е кривична пријава од страна на кумановската полиција против59-годишниот П.М. од Бугарија поради сторено кривично дело измама.

„На 31.01.2025 во Куманово, пријавениот довел во заблуда 64-годишна жена дека нејзината ќерка усмртила дете-мигрант и за да ја ослободат, морала да плати одреден износ на пари, при што ја оштетил за 30.000 евра“, се вели во билтенот на МВР.