Кривична пријава за непреземени мерки за безбедност на градилиште на кое загинал работник

Поднесена е кривична пријава од страна на СВР Струмица против правно лице од с.Вешала, тетовско, и Р.Х.(54) од Тетово, поради непреземени мерки за заштита при работа.

„Првопријавеното правно лице и второпријавениот одговорно лице во правното лице, не презеле мерки за безбедност и здравје при работа на работниците, за работни места на градилишта, а како резултат на тоа вработениот Б.З.(60), при вршење на градежни активности – 12.12.2024 паднал и починал на местото на настанот“, се вели во билтенот на МВР.