Кривична пријава против вработена во казино, на слот машини префрлила 396 илјади денари и потоа се коцкала

Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против 28-годишната Д.М. поради неовластено префрлање на пари во слот машините и притоа со истите се коцкала.

„На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра“, велат од МВР.