Кривична пријава против двајца скопјани, по завршување на спортски натрпевар пукале со пиштоли во воздух

Поднесена е кривична пријава против Х.Б.(32) и А.Б.(36) од Скопје од страна на СВР Скопје поради сомнеж дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

Имено минатата година на 08.10.2023 во с.Цветово, скопско, веднаш по завршување на спортски натпревар пријавените од пиштоли испукале неколку куршуми во воздух.