Критиката ја одзема енергијата, а пофалбата дава сила

 

Еден психолог еднаш смислил еден експеримент: почнал да им дава пофалби на уморни деца. А потоа ја мерен нивната енергија на еден посебен уред: ергограф. После пофалбите, децата добивале наплив на енергија и уморот исчезнувал. Но, ако на децата им била упатена критика или лош збор, енергијата нагло опаѓала. По критиките, децата биле уморни и лошо ги извршувале задачите. 

Нема некое посебно добро во критикување: „Ти бавно работиш! Ти лошо пишуваш! Неубаво си го приготвил јадењето! Многу си дебел!“ Може да се напишат многу зборови со критики и со тоа да им се украде енергијата на луѓето. Мудриот Френклин напишал: Ако сакате да стекнете непријатели – одете и критикувајте ги сите. Сите ќе почнат да ве избегнуваат, затоа што секогаш ќе го помнат чувството на опаѓање на силата и лошото чувство кое го имале после разговорот со вас. Како да сте му ја одземале силата на човекот. 

Ако сакате да се дружите со луѓето и да им помогнете да бидат подобри – пофалете ги. Секогаш може да се најде нешто за пофалба и заеднички да се поправи она што треба да се поправи. Човекот ќе почувствува наплив на сила, ќе помни како сте му дале енергија и ќе се создадат најдобри и најцврсти односи. Критиката ја одзема енергијата, а пофалбата – дава сила!

И секако, ние ќе останеме со оние кои ни даваат сила. И паметните професионални критичари, знаат дека е важно во анализите да истакнат во што успеал авторот, а потоа да истакнат каде згрешил или не бил баш најуспешен. И секогаш се искажува надежта дека следното творештво ќе биде уште подобро. 

А оние самонаречени „критичари“ едноставно ја крадат животната енергија. Можеби ја земаат за себе?

Хуманите луѓе секогаш ќе најдат нешто за пофалба. И ќе предизвикаат наплив на сила, радост и добро расположение.

~ Ана Кирјанова