Крем супа со компири и сланина

Превкусна комбинација од печен компир, сланина и павлака, а кога ќе додадете и кашкавал, ќе добиете супа за деновите во кои не броите калории.

Состојки:

Три големи печени компири
40 гр путер
Еден кромид
Една мала павлака
1,5 литар вода
сланина според ваша желба
сол, бибер, вегета (по вкус)

Подготовка:

Исечете го кромидот и испржете го во путер околу 10 минути или додека не омекне. Исечете ги компирите на парчиња и додадете ги во кромидот и гответе ги околу 5 минути.

Додадете 1,25 литри вода и вегета и варете половина час. Мешајте додека супата не биде мазна и кремаста. Додадете сол и бибер. Ако ви е премногу густа смесата, додадете повеќе вода.

Послужете ја супата со павлака и пржени коцки од сланина.

По желба, можете да ставите рендан кашкавал.