Крем супа од праз - зимска симфонија на вкусови

Во текот на зимата празот го јадеме со месо, во најразлични специјалитети, во колбаси, па дури и во домашни пити. 

Овој рецепт ќе ви докаже дека може да биде превкусен и како крем супа:

Потребни состојки:

- 2 страка праз (250 гр.)
- маслиново масло
- 1 чешне лук
- 1 прстофат ким
- 2 компири (околу 300 гр.)
- 500-550 мл. вода
- 1/2 пилешка коцка за супа
- малку мускатно оревче
- 1 лажичка путер
- сол, бибер
- магдонос
- павлака за готвење

Подготовка:

Исечкајте го празот на тенки парчиња, па пропржете го 15-тина минути на маслиново масло, на тивок оган. Додајте сол.

Во тавата додајте го исечканиот лук и кимот, па се пропржете уште 1 минута.

Потоа, додајте го компирот исечкан на коцки, па и него издинстајте го неколку минути.

Ставете ја водата, додајте ја коцката за супа, сол и малку мускатно оревче.

Поклопете и варете половина час на тивок оган или додека компирот не омекне.

Измиксирајте ја супата со рачен миксер, додајте го путерот, биберот, магдоносот и малку павлака за готвење.

Оставете да зоврие, а потоа тргнете од оган и послужете додека е топло.