Креаторката на вакцината АстраЗенека смета дека мутациите наскоро ќе бидат под контрола

Сара Гилберт, која е дел од тимот што ја создаде вакцината АстраЗенека, смета дека коронавирусот нема веќе простор за мутација во посмртоносни варијанти. 

Таа вели и дека со текот на времето, заразноста ќе се намали, бидејќи популацијата наскоро ќе стане поотпорна накоронавирусот, бидејќи добар дел од населението е веќе или вакцинирано или го има прележано вирусот. 

Се очекуваат генетски промени, но веројатно, инфекциите кои ќе ги предизвикуваат ќе бидат благи и не толку опасни. 

„Гледаме бавно генетско поместување на вирусот, а населението постепено ќе развива имунитет, како и кај сите други сезонски коронавируси. Ги има четири и тие кружат со децении, а ние не сме ни свесни за нив. Значи, ние веќе живееме со четири различни човечки коронавируси за кои навистина не размислуваме премногу и на крајот Sars-CoV-2 ќе стане еден од нив. Прашањето е колку време ќе биде потребно за да се постигне ова и какви мерки ќе треба да преземеме во меѓувреме за да можеме да го сториме тоа. Досега сите претходни варијанти на вирусот, кои се чинеше дека се повеќе вирулентни и го избегнуваат имунитетот, беа надминати со варијантата делта, која е повеќе заразна“, рече Гилберт.