Крцкав сендвич со јајца

Сендвич е секогаш добра идеја. Доволно е само да погледнете во фрижидерот и да добиете идеја со што ќе го направите. 

Состојки:

2 јајца
4 парчиња леб
50 гр путер
4 големи парчиња сирење
2 големи парчиња шунка
Сол, бибер, зачини

Подготовка:

Намачкајте ги парчињата леб со малку путер и испржете ги од двете страни на тава. Тргнете две парчиња од тавата – тие ќе ви бидат потребни подоцна.

Ставете по едно парче сирење на останатите 2 парчиња леб и покријте ја тавата. Печете додека не се стопи сирењето.

Врз сирењето ставете парче шунка, па уште едно парче сирење и на крај покријте со парчиња леб кои претходно ги тргнавте настрана.

Врз секој сендвич скршете по едно јајце.

Покријте ја тавата и печете околу 30 секунди. Извадете го сендвичот од тавата и послужете.