Кражба во куќата на Мајка Тераза, полицијата уапси три лица

Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(22), Д.Ќ.(44) и малолетник, сите од Скопје.

Тие се сомничат дека во 11.25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари, информираат од полицијата. 

Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.