
Скопјанка била ограбена на гробиштата Бутел. Чанта со пари ѝ била украдена од возилото кое го оставила незаклучено, а подоцна чантата била пронајдена без паричникот.
- На 08.05.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, С.К.(46) од Скопје пријави дека во периодот од 10:15 до 11:20 часот на Градските гробишта Бутел, од незаклучено патничко возило ѝ била одземена чанта со пари. По преземени мерки чантата била пронајдена без паричникот, соопштија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.