Кражба на бензинска во Ченто: Го украле целиот дневен промет

Синоќа во 02:06 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле разбојништво на бензинска пумпа на улица „Методија Андонов Ченто“.

Сторителите со закана со пиштол од вработените го одзеле дневниот промет и побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.