Краток љубовен хороскоп за периодот од 1 – 15 декември

ОВЕН

Освен што другата страна ќе се обидува да ве поддржи во сѐ, веројатно и вашите пријатели ќе се вклучат со сопствена поддршка. Многумина во своите мисли ќе бидат далеку од љубовната реалност. Односите ви се добри, но вие пловите во својот свет на фантазијата. 

БИК

Не претерувајте со зборување, затоа што гласот на срцето бара тишина за да се препознаат неговите зборови. Едноставно сакајте и не прашувајте. Ќе се покажете во откачено светло. Ќе смислите мала лудост која ќе ги збуни сите околу вас, вклучувајќи ги и вашите партнери. 

БЛИЗНАЦИ

Повеќето од вас ќе се повлечат во свој фантазерски свет и тука ќе си ги вртат своите филмови. Тоа ќе биде ваше засолниште од реалноста. Нека да бидете баш вешти во изразување на своите љубовни желби. Партнерот ќе се обиде да ви ги извлече зборовите со клешта, но ќе бидете емотивни.

РАК

Мали семејни теми накратко ќе ви го окупираат вниманието, но не толку за да заборавите на саканата личност. Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате вашата врска на мудар начин. Некои се сосема на почеток, па нема одат побавно. 

ЛАВ

Најверојатно одлично ќе си поминувате со саканата личност. Оние кои сѐ уште се сами нека излегуваат. На оние коишто се сами, се почесто ќе имаат чувство дека љубовта е сѐ поблиску. На некој начин ќе бидат во право, затоа што и другите околу нив ќе бидат со отворени срца.

ДЕВИЦА

Најдобро ќе се чувствувате дома. Оние коишто се во врска ќе се повлечат со саканата личност меѓу четири ѕида. Оние кои сѐ уште ја бараат сродната душа ќе бидат мрзливи и нема да им се излегува, но нема да се чувствуваат лошо поради фактот дека се сами.

ВАГА

Најдобро ќе се чувствувате во вашиот мал свет кој вие си го создавате со вашата фантазија. Сѐ друго ќе ви оди на нерви. Сепак, некои конечно ќе ја отворат душата и ќе признаат што чувствуваат. Можеби условите нема да бидат идеални, но искреноста ќе се покаже добра на долг рок.

СКОРПИЈА

Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна колку што е важно да сакате, па што сака нека биде на крај. Затоа ќе завршите една стара приказна и стар проблем и потоа врската ќе ви се развива одлично.

СТРЕЛЕЦ

Нема веќе да очекувате бајки, но основно ниво на цивилизирано однесување е нешто што би требало да биде нормално за двете страни. Сепак, останува отворено прашањето околу тоа зошто ви е тоа важно, дали заради вистината или заради тоа што ќе кажат другите. Размислите околу тоа.

ЈАРЕЦ

Љубовта ќе биде тивка, а вие таинствени. Некои би можеле да бидат исправени пред предизвикот да почнат тајна врска. Можно е некаква драма, но таа ќе се појави поради нивото на комуникација. Затоа молчете и покажете љубов. 

ВОДОЛИЈА

Некои ќе почнат површна врска поради физичка привлечност. Бидете внимателни! Чувајте го она што го имате и уживајте во тоа со цело срце.

РИБИ

Оние кои биле на прагот на заљубување овие денови конечно ќе сфатат дека се заљубени и ќе почнат полека да ги покажуваат своите чувства. Но, сепак ќе бидат пријателски настроени кон другата страна и нема да ја наметнуваат својата волја.