Краток љубовен хороскоп до 15 септември: Биковите се зближуваат со некого, Јарците имаат проблеми

Што ни носи првата половина од септември?

Овен

Внимавајте со своите коментари, бидејќи лесно можете да ги навредите оние на кои им се допаѓате.  Постојат многу интересни теми на кои можете да разговарате, пробајте да ги избегнете непријатните разговори. Исто така, ова не е поволен период да се затворите и изолирате од другите. Отворете се кон светот.

Бик

Овој месец ве очекува зближување со саканата личност особено на теми кои ви се блиски, а кои имаат моќ да ве поврзат емотивно. Можеби на моменти ќе се соочите со црни мисли, но пробајте да уживате во љубовта и да се препуштите на саканата личност.

Близнаци

Пробајте да и се приближите на личноста која ви значи.

Во тоа може да ви помогнат добро избраните зборови. Ќе успеете во тоа. Ве очекува голема радост на полето на љубовта, а среќата која ја чувствувате ќе биде заразна за другите. Занемарете ги малите грижи.

Рак

Ќе бидете љубезни и нежни кон другите, но во себе водите голема борба и ги криете вистинските чувства.

Постои една личност која ќе успее да ве разбере. Отворете се, дозволете да се чувствувате сакано.

Лав

Во вашиот љубовен живот, овој септември ќе биде онака како што треба да биде. Ќе сакате да флертувате и да се дружите, но ќе бидете и поискрени кон себе и кон саканата личност.

Девица

Не се трудете да ги наметнувате своите ставови. Ќе бидете во рамнотежа, а вашата врска значително ќе се подобри. Саканата личност е подготвена да ве следи во сериозноста, но и во лудоста. Сепак, внимавајте на рамноправноста во врската.

Вага

Ќе ви годи дружењето со пријателите. Една блиска личност ќе ви се довери и тоа силно ќе ве поврзе. Со саканата личност ќе посакате да надокнадите со конструктивен пристап. Фокусирајте се на она што е позитивно во вашиот однос.

Шкорпија

Ќе се натпреварувате во однос на уживањето со саканата личност. Ќе чувствувате силна страст и ќе посакате уживањето постојано да е потполно. Пробајте да најдете златна средина, па малку и да разговарате за некои теми.

Стрелец

Посакувате да ја сретнете идеалната личност. Ќе бидете малку збунети, но и подготвени за акција. Исто така, ќе имате и силна потреба за нежност и внимание. Имате право на тоа.

Јарец

Ќе зборувате за бајки, а реалната состојба ќе биде поинаква. 

Не драмете ако некој проба да ве спушти на земја. Колку и да се трудите да ја поправите ситуацијата на ова поле, тоа ќе ви оди малку потешко.

Водолија

Партнерот ќе предлага различни опции, а вие постојано нешто ќе приговарате. Некои Водолии се плашат од љубовта и бегаат од другите, но не постои причина за грижа. Потребно ви е опуштање.

Риби

Имате силна потреба за слобода, па многу Риби ќе посакаат да се оддалечат од другите. Потребна ви е и мала лудост, но направете го тоа со пријателите.