
Информацијата ја објави веб-порталот СакамДаКажам.мк. Според нив, веста неофицијално ја потврдиле блиски од нејзиното семејство.
Од семејството велат дека се пожалила на здравјето и дека и претходно имала проблеми.
Реџепова е носител на титулата Кралица на ромската музика и е светски признаен уметник. Таа ја претставуваше и нашата држава на Евровизија пред 3 години заедно со Влатко Лозаноски. Таа е еден од најголемите културни амбасадори на нашата земја и редовен иницијатор на хуманитарни настани и акции.