„Крај за шабанарија и за алчни газди“ - Велат на „X“ по апсењето на Лукас и Џејла

Јавноста со бурни реакции откако беше објавено името на приведената пејачка и нејзиниот бенд на настап во Кичево. Станува збор за звучно име. Имено популарната босанска пејачка Џејла Рамовиќ била задржана од полицијата во Кичево за време на акциската контрола, откако инспекторите утврдиле дека настапува без соодветни документи за работа.

Ова следи откако минатиот викенд истото се случи со српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци. 

Рамовиќ и нејзиниот музички бенд ќе се соочат со пријави.  

Многумина велат дека така треба, со оглед дека газдите од угостителскиот сектор, како што велат, само мислат на профит. 

- Не им доаѓа паметот на угостителиве и после сите дешавки пак си тераат по старо, вчера и во Кичево полицијата и инспекторите прекинале настан пеела некоја Џејла од Србија, само казни за оваа багра која мисли само на профит, гласи еден твит. 

Други „ликуваат“ дека ќе има крај за популарната кич музика од соседството.