„Крафтверк“ и Џос Стоун летово во Скопје

Пионерите на електронската музика „Крафтверк“ и американската соул дива Џос Стоун летово ќе одржат концерти во Скопје. Двата концерта ќе се одржат на стадионот на АРМ, а организатор на концертите е „Авалон продукција“. Прва ќе настапи Џос Стоун, на 21 јули, а „Крафтверк“ на 25 јули. Билетите се во продажба по цена од 1.990 денари во партер и 2.990 денари во „фан пит“ (само 1.000 влезници).

– Без „Крафтверк“ во музиката многу работи немаше да бидат тоа што се: од електро до хип хоп, од техно поп до синт поп. Тие го вклучија Скопје во својата нова „Multimedia 2026“ турнеја со голем концерт на отворено. Во време кога вештачката интелигенција станува сеприсутен дел од нашето секојдневие, кога сè почесто се отвораат прашања за тоа како технологијата нè менува и обликува, Скопје ќе го пречека бендот кој прв ја постави дилемата за симбиотската врска помеѓу човекот и технологијата – велат од „Авалон“.

Уште од првиот албум „The Soul Sessions“ издаден во 2003, кој ја освои престижната награда „Меркјури“, па до подоцнежните грандиозни Brit Award и Греми награди, Џос Стоун го покажа својот квалитет.

Влезниците за двата концерта се во продажба онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.