Крадец украл роба од продавница, па натепал вработена

55-годишен крадец од Штип уапсен во скопски Центар, затоа што во продажен објект, одзел продукти, а потоа и физички нападнал една вработена.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 25.11.2025 во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.К.(55) од Штип затоа што околу 17:50 часот во продажен објект, одзел продукти, а потоа и физички нападнал една вработена.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.